Албанци од скопската населба Нерези, денеска попладне испровицираа тежок инцидент со навивачи на фудбалскиот клуб “Вардар“.
Тепачката ја иницирале неколку повозрасни Албанци од Нерези, кои натерале неколку деца да маваат со камења и да пцујат по мала група на “Комитите“, кои минувале оттаму, одејќи на фудбалскиот натпревар Македонија Ѓорче Петров-Вардар. Навивачите пееле македонски патриотски песни и претпоставуваат дека тоа било главната причина поради која Албанците од Нерези го предизвикале инцидентот. Откако биле нападнати од неколку малолетници, “Комитите“ возвратиле. Во тепачката, во која веднаш се вмешале и повозрасните, четворица Албанци завршиле со тешки повреди во болница, а еден навивач со скршена рака, бидејќи бил удрен со тврд предмет.
За кусо време веднаш се насобрале голема група, наводно “граѓани на Нерези“, а според очевидци поголемиот дел од тие всушност воопшто и не биле од населбата, туку дошле со возила. Насилниците искршиле неколку паркирани автомобили, за што потоа ја обвинија навивачката група. Полицајците, кои биле на местото, воопшто и не се обиделе да ги запрат насилните Албанци.
Навивачите потоа заминале на стадионот во Ѓорче Петров да го бодрат својот клуб.
Во меѓувреме, “граѓаните на Нерези“ се организирале и поставиле блокади на булеварот Партизански одреди, поточно на мостот Обединети Нации. Никој не ги спречил во тоа, иако таму пристигнале и политичари, и градоначалникот на општината Карпош, Стевче Јакимовски, кои само ги користеа телевизиските камери за сопствена промоција, но и мал број на полицајци. Во тек на разговор со полицијата пратеникот на ДУИ, Сафет Незири, пред објективите на многубројните камери, бил снимен и како се заканува со блокади на улицата.
Кога “Комитите“ требаше да поминат оттаму , “граѓаните на Нерези“ ги чекаа “подготвени“ за судир. Десетици од нив вооружени со ножеви и со метални и дрвени прачки во рацете. Полицајците иако присутни, сепак отсутни. Никој од нив не се ни обидуваше да ги спречи.
No comments:
Post a Comment