АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ РЕКОЛ: ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГО ОСВОЈУВАМ СВЕТОТ Александар Македонски Александар III Велики, р. Пела, Македонија, 20 јули 356 п.н.е. — Вавилон, 10 јуни 323 п.н.е., е крал на Македонија (од 336 п.н.е. до 323 п.н.е.), член на кралската династија Аргеади. Тој е еден од најуспешните војсководци во историјата на човештвото. По освојувањето на грчките градови-држави под водството на неговиот татко Филип II Македонски, Александар ја покорил моќната Персиска Империја, вклучувајќи ја Анадолија, Сирија, Египет, и Месопотамија, и ги проширил границите на Македонија, дури до Авганистан и Индија. Александар спрема освоените култури се однесувал со почит, интегрирајќи не-македонци во неговата војска и администрацијата, воден од мислата да создаде светска држава. Во историјата не се случува често синот на голем владетел да биде исто така голем, ако не и поголем од татка си. Teшко e да ја израмнуваме и мериме големината на Филип и Александар Македонски. Можело да се случи, но не се случило да Филип Македонски освои се што може да се освои и да не остави на својот син да изврши ни едно големо и славно дело. Сепак, пред необузданиот копнеж на Александар Македонски за воени подвизи и откривање на далечни непознати земји се отворило бескрајно поле на можности. Зошто Демостен, хеленската гордост и слава, за таткото на Александар Македонски жестоко ќе извикува на атинската агора дека Филип: "... не само што не е Хелен, не само што не им е близок ни роднина на Хелените, туку тој не е ниту од барбарска земја, за која би се кажало нешто убаво, но е Македонец - гибел и Македонец - злодеец" (Демост. Трет говор против Филипа, гл. 31) Зошто кај Плутарх читаме како Александар извикува дека "Хелените се перчат пред Македонците како полубогови сред диви ѕверови", правејќи притоа (и не само таму) јасна дистинкција меѓу овие два етноса?(Плутарх, Споредбени животописи: Александар)- Нашите соседи ставаат знак на равенство меѓу Хелените и Македонците. Ние прашуваме: ако Македонците биле Хелени, и историјата на Македонија е историја на Хелада, зошто предокот на Александар III Македонски (кој во антиката токму така е нарекуван, а прекарот Велики го добил многу подоцна) Александар I (480 г. пр. Хр.) бил наречен Филхелен ("оној што е пријател со Хелените, што ги љуби Хелените")? Зошто би бил Филхелен, ако бил Хелен? Ако Македонците биле Хелени, тогаш тие би зборувале ист јазик (или барем некој хеленски дијалект). Но изворите експлицитно ни укажуваат дека Хелените не го разбирале јазикот на Македонците. Кај Плутарх читаме (кавгата меѓу Александар и Клит), како Александар им се обраќа и ги повикува своите штитоносци "на македонски, што било знак за голема вознемиреност".Дека Хелените не го разбирале македонскиот јазик ни сведочи и Куртиј Руф (Историја на Александар Македонски, кн.VI, гл.9); пишувајќи за судењето на Филота, Александар го прекорува Филота што нема да се брани на мајчиниот (македонски) јазик, зашто овој претходно изјавил дека ќе се брани на јазикот, на кој и тој (Александар) зборувал секогаш кога сакал сите да го разберат; од ова јасно произлегува дека не сите присутни го разбирале неговиот мајчин, т.е. македонскиот јазик. Наводно, тие имале ексклузивно право на името Македонија, зашто историјата на оваа земја била нивна, хеленска историја. Е, ајде да видиме дали е баш така и кој е тој што присвојува туѓа историја. Како прво, ги прашуваме нашите соседи, кога тоа државата Македонија била исто што и Хелада, односно, нивните полиси, зашто во антиката нивните предци, Хелените и не биле баш некој државотворен народ, за разлика од Македонците, кои имале не полиси, туку држава. Или, ако е јасно дека Филип, откако ги покорил Хелените, се обидел да ги обедини преку Коринтскиот сојуз, дека тој се прогласил за хегемон (вожд) на тој сојуз и со тоа ја наметнал македонската доминација врз Хелените, дека по неговата смрт тоа место го зазел неговиот син, Македонецот Александар, ако е јасно дека историјата на државата Македон не е историја на Хелада, иако во воените походи на македонските владетели учествувале и Хелени (а учествувале и други етноси), тогаш, кој е тој, што присвојува туѓа историја? Кажано и запишано за Македонија: - Ех! - што би можело да има поново од ова: еден Македонец којшто ги напаѓа Атињаните и како господар ги уредува работите во Хелада. - Демостен: "Прва Филипика". - Гордеј се Филипе, радувај се Македонијо, зашто ти си татко на Александар, а ти се викаш негова татковина. - Непознат византиски автор. - Тие љубеле да се нарекуваат Македонци, што всушност и биле. - Павсаниј. - Хелените се перчат пред Македонците како полубогови сред диви ѕверови. - Плутарх. - Македонијо, татковино моја, ти се роди цар кој ќе ги надмине сите други пред него, со кои ти од памтивек си се гордеела
Sunday, May 24, 2009
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment